Киз ја совлада Кузњецова во борбата за трофејот во Синсинати

Американската тенисерка Медисон Киз го освои Мастерс-турнирот во Синсинати, откако во финалето ја победи Светлана Кузњецова со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-6.

Кузњецова играше одлично до десеттиот гем во првиот сет, кога Киз успеа да израмни, а во следниот гем направи брејк и го реши првиот сет со 7-5.

Во вториот сет Кузњецова направи брејк, но кога требаше да сервира за израмнување, Киз го врати брејкот, па на крајот во тај-брејк успеа да ја совлада Русинката.