Кирјос се „удираше по глава“ по срамната одлука за депортација на Ѓоковиќ (ФОТО)

Ник Кирјос изминативе години важеше за еден од најголемите ривали и критичари на Новак Ѓоковиќ, но целосно го поддржуваше за време на неговата борба изминатава недела за настап на Австралија опен, поради што, разбирливо, тешко ја прифати конечната одлука за депортација на Србинот.

Контроверзниот тенисер деновиве имаше многу изјави во корист на Новак, како таа дека сонува тој да победи во Мелбурн за да може да шета низ градот со негова маица и со маска со неговиот лик.

Неговата реакција по срамната одлука на федералниот суд да не ја прифати жалбата на Ѓоковиќ за поништување на визата беше куса, дури и без зборови. Со објава на знакчето за „удирање по глава“, тој едноставно кажа многу.