Кирјос ја доби драмата во пет сета против Хачанов и закажа дуел со Надал

Ник Кирјос и Карен Хачанов одиграа еден од најдобрите натпревари на Австралијан опен во досегашниот дел, а по четиричасовна драма славеше тенисерот од Австралија со 3-2 во сетови, односно 6-2, 7-6, 6-7, 6-7 и 7-6.

Мечот на арената „Род Лејвер“ траеше четири часа и 24 минути, а Кирјос ги доби двата сета, по што Русите му одговори во следните два, а во петтиот беше забележана голема драма.

Откако двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис Хачанов во тај-брејк водеше со 8-7, но потоа загуби поени на свој сервис, а Кирјос ја искористи третата меч-топка и со 10-8 успеа да го освои петтиот сет и така закажа меч против Рафаел Надал во следно коло.

Претходно победа запиша Данил Медведев со 3-0 во сетови против Алексеј Попирин, а пласман во следно коло обезбеди и Александер Зверев против Фернандо Вердаско со 3-0 во сетови.