Калин Ивановски го прегази Пачеко за еден час и обезбеди осминафинале на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски за еден час го здроби Родрого Пачеко Мендез и му препушти само три гема во двата сета, 6-1, 6-2 за да обезбеди осминафинале на јуниорскиот Вимблдон.

Ивановски и лани дојде до третото коло, осминафиналето на Вимблдон, па и сега го повторува тој успех, а за разлика од првото коло кога со чудесен пресврт успеа да победи, овојпат противникот немаше игра за да го запре.

За 24 минути го освои првиот сет, откако експресно дојде до 5-0, па само рутински го заврши сетот, а нешто подолго му требаше за да слави во вториот сет, во кој со два брејка успеа да дојде до конечен триумф.

Противник на Ивановски во следното коло ќе биде подобриот од дуелот Едас Бутвилас – Озан Чолак.