Како Ѓоковиќ ги троши милионите: Вила со базен, луксузни стананови, електричен автомобил... (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја потврди својата доминација во светот со освојување на Ролан Гарос, односно на неговата 19. гренслем-титула, па многумина ги интересира каде ги троши милионите кои ги има заработено од турнирите, но и од спознорите.

Ѓоковиќ има многу спонзори, а интересно е тоа што Србинот не сака премногу скапи автомобили, како и останатите спортисти, па тој си има автомобил само за семејните потреби. Србинот има Пежо 508, како и електричен Пежо Е208 со кој најдобриот светски тенисер сака да промовира заштита на животната средина.

Освојувачот на Ролан Гарос има голема вила со базен на Марбелја, која вреди неверојатни 10 милиони евра, но тоа е само почетокот бидејќи на станови потроши повеќе од 20 милиони евра. Два од нив му се наоѓаат во Њујорк, еден има во Белград, а по еден има во Монте Карло и Тиват.


Неговиот имот во Србија се проценува на неверојатни четири милиони евра, а приота за тениската академија вложи повеќе милиони евра и продолжува да инвестира во спортот.

Што се однесува до автомобилите, неговото Пежо 508 има вредност од 40.000 евра, а Тесла автомобилот е проценет на 100.000 евра, додека електричниот Пежо Е-208 вреди 32.000 евра.


За хуманитарни цели преку фондацијата има донирано повеќе од 10 милиони евра за медицинска опрема и останати работи, но секако, Ѓоковиќ сака и да се опушти, па кога има слободно време патува на луксузни дестинации во лето и зима.