Ивановски загуби еден гем и го здроби Шаер за осминафинале во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше одличен старт на новиот турнир во Монастир, Тунис, каде што во првото коло славеше против Рафаел Шаер од Швајцарија со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 6-1.

Ивановски во првиот сет не му дозволи на Шаер да освои ниту еден гем, додека во вториот му препушти само еден гем за да го декласира со убедлив резултат и да избори осминафинале во Тунис.

Македонскиот тенисер во осминафинале ќе игра против подобриот од Шпанецот Рос и Италијанецот Пичионе.