Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски освои титула во САД, тој заедно со неговите соиграчи од Тексас Универзитетот станаа зимски шампион откако во финалето беа подобри од Охајо Стејт Универзитетот со 4-2.

Ивановски во финалниот меч по голема борба го совлада Престон Стринс со 2-0 во сетови (7-5 6-4) и ја донесе клучната победа за својот универзитет.

Македонскиот тенисер за својот тим донесе исклучително важни поени. Во полуфиналето против Бејлор Универзитет кога со 2-1 во сетови (3-6; 6-2 и 6-3) го совлада Сомбор Велч, како и во четвртфиналето кога го совлада Роланд Де Равел од ТСУ Универзитетот со 2-1 во сетови (3-6; 6-3 и 6-3). Претходно Ивановски имаше и порази од Стринс (Охајо) и Арјан Шах (Вејк Форест) и победа против Елијах Чам од Јужна Флорида.

Покрај сингл мечевите Ивановски имаше настапи и во конкуренција на двојки каде настапуваше со Абел Форже.

Ова за неговиот Универзитет е прва титула откако претходното финале пред две години го загубија.

За Ивановски ова беше дебитански настап за Тексас Универзитетот. Тој за својот Универзитет ќе настапува до крајот на натпреварите во САД (завршуваат во месец мај), а потоа ќе има можност да настапува и на турнири од АТП и ИТФ серијата.