Ивановски ќе игра во финале во Тунис, Гркот го предаде мечот

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

Тој денеска во полуфиналната пресметка со грчкиот тенисер Сакеларадис се покажа во одлично издание, на крајот противникот го предаде мечот.

Ивановски првиот сет го доби со убедливи 6-2, во вториот водеше со 3-0 кога Гркот реши да го предаде мечот.

Македонскиот тенисер во финалето ќе игра со подобриот од Ечаргуи од Турција и Форти од Италија. Двајцата имаат подобар рејтинг од Ивановски, па кој и да игра со него ќе биде благ фаворит.