
Ивановски го здроби Ламасин за полуфинале во Поатје
Ламасин имаше проблеми со неговиот сервис, па направи дури пет двојни грешки, а тоа знаеше како да го искористи Ивановски и го доби првиот сет со 7-5.
Ивановски беше уште подобар во вториот сет против шестиот носител на турнирот и со убедливи 6-1 си обезбеди полуфинале во Поатје.
Македонскиот тенисер за место во финале ќе се бори против Саша Гејмар Вајенбург.