„Има 51.000 позитивни во Викторија и Ѓоковиќ сѐ уште ви е закана за здравјето?“

Скандалот со српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кој утре рано наутро ќе дознае дали одлуката за депортација ќе биде преиначена, останува во фокусот на светската јавност, која во најголем дел застана зад најдобриот тенисер во моментов откако Австралија не му дозволи влез во земјата за да игра и да го брани трофејот на Австралија опен.

Оливер Браун, спортскиот новинар на угледниот британски „Телеграф“ ја кажа сета вистина во две реченици околу оваа сага и скандал во ек на глобалната пандемија со ковид-19 и најновиот најзаразен омикрон-сој и глупавите правила на Австралија за имунизација.

„Во државата Викторија (сојузната држава на Австралија – н.з.) денеска 51.356 позитивни случаи на ковид-19. Ѝ Ѓоковиќ кој беше тестиран и е негативен пред да се качи на летот за Мелбурн, некако излезе најголем ризик за сите“, напиша Браун.