Хегемонија на Синер: Италијанецот има 4.800 бода повеќе од Алкараз
До лани беше релативно непознат за пошироката тениска и спортска јавност, но оваа година гази каде ќе стигне и е апсолутно најуспешен играч на АТП турот. Досега освои седум титули и има можност да ја збогати колекцијата со барем уште два, ако триумфира на Мастерсите во Париз и Торино, а јасно е дека барем до февруари ќе биде на првото место на АТП ранкингот.
А, на најновата листа, објавена денеска, италијанскиот тенисер не само што е прв, туку ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Карлос Алкараз. Таа сега изнесува 4.800 бода, а Новак Ѓоковиќ, кој е на четвртото место, заостанува неверојатни 5.710 бода. Со оглед на тоа што Србинот ги брани титулите во Париз и Торино, оваа разлика може дополнително да се зголеми до крајот на сезоната.
Што се однесува до Синер, тој сезонава освои најмногу титули на АТП турнирите - седум и најмногу Мастерс трофеи - три. Денеска тој ја почна 18. недела на првото место на АТП листата.