Ѓорческа скокна осум места на најновата ВТА листа

Пласманот во четвртфиналето на турнирот во Мадрид ѝ донесе нов скок на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

На најновата ВТА листа, објавена денеска, таа бележи скок од осум позиции и во моментов се наоѓа на 191. место, со идентичен број бодови (385) како Анастасија Севастова која е пред неа. Ова е за 21 позиција послабо од најдобриот пласман во кариерата на Ѓорческа.

Од почетокот на 2026 година, нашата тениерка настапи на четири турнири, плус квалификациите за Австралија Опен. Најдобар резултат ѝ е полуфиналето во Порто, во февруари, како загуби од Фиона Кроули од САД.