Во Африка постигнат голот на деценијата – погоди со „рабона“ од 20 метри (ВИДЕО)
Крилниот играч на Магреб Фес постигна спектакуларен гол со „рабона“ во натпреварот од мароканското првенство против Видад Казабланка, за победа на својот тим. Клучниот момент се случи во 80. минута, кога Ел Џабли ја прими топката на околу еден метар од работ на шеснаесетникот, по што со маестрален удар со „рабона“ го префрли противничкиот голман и ја испрати топката во мрежата.
Воодушевен од сопствениот потег, фудбалерот истрча кон рекламните паноа и заедно со соиграчите го прослави погодокот кој веднаш го обиколи интернетот. Овој погодок веќе се смета за сериозен кандидат за наградата Пушкаш, која ФИФА ја доделува за најубав гол во годината.