
Ѓорческа по голема борба загуби од Вурт на фјучерсот во Германија
Вурт беше одлична во првиот сет од натпреварот и успеа три пати да направи брејк на сервисот на Ѓорческа за да го добие сетот со 6-1.
Ѓорческа го возврати ударот во вториот сет, кога направи два брејка и со убедливи 6-2 израмни на 1-1 во сетови.
Во третиот сет се водеше голема борба меѓу тенисерките на теренот, но Вурт беше поуспешна и успеа да триумфира со 6-4.