Ѓорческа освои турнир во двојки во Минск

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Анастасија Комардина од Русија стигнаа до трофејот на турнирот во двојки во главниот град на Белорусија, Минск. 

Тие издвојуваа победа во финалето против Креме и Шиманович од Белорусија и тоа со 2-0 во сетови (6-7, 6-4, 10-8). Ова е втора титула на Ѓорческа и Комардина, откако претходно победија и на турнирот во Есен, Германија.