Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно реди победи на тениските терени, па денеска славеше против Џени Дуерст со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4, па обезбеди четвртфинале на турнирот во Анталија.

Ѓорческа немаше проблеми против швајцарската тенисерка, па брзо го реши мечот во своја корист и избори меч против Петја Аршинкова во четвртфиналето, во меч кој се игра утре од 9 часот.

Македонската тенисерка заедно со Мариана Дражиќ беа успешни и во конкуренција на двојки, па обезбедија полуфинале, кадешто ги очекува дуел против Јоана Гаспар и Дуерст.