Ѓорческа неочекувано остана без полуфинале на фјучерсот во Анталија!
Македонката влезе како фаворит за победа со оглед на улогата на трет носител, но и поради фактот што има речиси двојно подобар пласман на ВТА листата од противничката. Мечот вчера беше прекинат поради дожд по водство на Вурт со 1-0 во сетови, а Лина утринава почна одлично и со добра игра го изедначи резултатот. И, кога се очекуваше да продолжи во ист стил, таа како да застана, што противничката од Хрватска го искористи и убедливо го доби решавачкиот дел од средбата и тоа со шест освоени гемови во низа.
Двете тенисерки имаа максимална реализација на брејк-топките, кои за жал беа помалку на страната на Ѓорческа која имаше 2/2, додека Вурт заврши со 5/5 на решавачките поени за одземање на сервисот на Македонската. Ѓорческа од понеделник ја очекува нов настап на ИТФ фјучрс-турнир исто така во Анталија.