Ѓоковиќ води „војна“ со публиката на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно доби свирежи од публиката на Ролан Гарос, по што реши да влезе во „војна“ со нив и по еден освоен поен побара од навивачите да бидат погласни.

Ѓоковиќ водеше голема битка при резултат 4-2 во негова корист, кога ривалот стигна до брејк-топка, но Србинот по долга битка го освои поенот и ја предизвика публиката.