Ѓоковиќ во Мелбурн неочекувано доби брачна понуда и тоа од - маж!

Новак Ѓоковиќ со рутинска победа од 3-0 над Томаш Махач се пласираше во осминафиналето од Австралија опен, а по мечот се случи еден необичен момент.

Додека Новак држеше говор анализирајќи го мечот, еден навивач почна да вика од трибината, не се слуша доволно добро, но делува како да го праша Ѓоковиќ да се ожени со него. На тоа Србинот имаше интересен одговор.

„Извини другар, оженет сум, имам жена, можеме да се напиеме пијачка. Можеби ти и веќе си испил неколку“, му одговори Новак.