Ѓоковиќ во дреч зелен аутфит направи шоу по улиците на Шангај (ВИДЕО)
Откако играше тенис на Кинескиот ѕид и зборуваше на кинески, а сега отиде чекор понатаму. Во соработка со неговиот спонзор направи шоу на улиците на кинескиот град. Тој се облече во светло зелено и потсети на начинот на облекување во деведесеттите години на минатиот век. Српскиот ас се гледа дека ужива во ваквиот перформанс, па и самиот го објави видеото на социјалните мрежи. Покрај тоа, си го смени презимето и напиша „Новак Дрејковиќ“ алудирајќи на песна од популарниот рапер Дрејк што ја слуша.
Тој објави и неколку фотографии на кои може да се види како вози велосипед, гледа наоколу во продавница, сето тоа со насмевка и очигледно во одлична атмосфера пред почетокот на турнирот, за кој многумина веруваат дека ќе биде негов последен во сезоната. Ѓоковиќ ќе биде слободен во првото коло во Шангај, додека во второто ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Алекс Микелсен (САД) и локалниот претставник Јунчакоет Бу, кој се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг.