Араухо верува во чудо: Ќе биде тешко во Мадрид, но одиме на победа!

Барселона беше поразена од Атлетико Мадрид со 0-2 на „Камп Ноу“ во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ), но дефанзивецот Роналд Араухо верува во чудо во реваншот.

Араухо кажа дека ги очекува тежок натпревар во Мадрид, меѓутоа смета дека Барселона може да направи пресврт.

„Ќе биде тешко во Мадрид, но ако некој може да направи пресврт, тоа е Барселона. Не смееме да се предадеме, одиме на победа“, кажа Араухо.

Реваншот меѓу двете екипи е закажан за 14 април.

Фото: EPA