Флик збесна: Судијата не досуди чист пенал за нас! (ВИДЕО)

Барселона загуби од Атлетико Мадрид со 0-2 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но една судиска одлука од второто полувреме го налути тренерот Ханси Флик.

Предводникот на Барселона смета дека натпреварот ќе имал поинаков тек доколку судијата досудел пенал за каталонскиот гигант.

„Дефанзивецот на Атлетико ја допре топката со рака по додавање од голманот. Тоа беше чист пенал“, кажа Флик.