
Ѓоковиќ во април ќе урне уште еден рекорд на Федерер
Швајцарецот сè уште го држи рекордот за највозрасен првопласиран тенисер на АТП-листата со 36 години и 320 дена, а Ѓоковиќ на 8 април ќе биде на првото место и ќе има 36 години и 322 дена со што ќе го надмине поранешниот ривал.
Ѓоковиќ ќе остане на првата позиција најмалку до 8 април пред сè благодарение на Јаник Синер и Карлос Алкараз кои се откажаа од некои турнири во изминатиот период.
Србинот следниот настап ќе го има на Мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами, каде што не играше неколку години.