Ѓоковиќ: Србите ќе ме “линчуваа“ зашто навивав за Хрватска на Мундијалот во Катар!

Најуспешниот тенисер во историјата и поранешен светски број еден, Новак Ѓоковиќ, предизвика големо внимание на светските медиуми со интервјуто за списанието „Џи-Кју“ во кое освен откривањето дека бил труен во Мелбурн потенцира и дека имал проблеми во Србија зашто навивал за хрватската фудбалска репрезентација на СП во Катар.

Србинот објасни и зошто навивал за земјата со која неговата држава има во најмала рака спорна историја.

„Бев остро критикуван во мојата земја, па дури и од високи државни функционери. Но, за мене тоа е сосема едноставно. Имам семејство од Хрватска и така чувствувам во срцето. Како можам да навивам за некој кој е далеку од мене, наместо за сосед со кој споделувам семејни врски и многу сличности“, изјави Ѓоковиќ.

Тој истакна дека ги поддржува спортистите од соседните земји и го цени нивниот успех, без оглед на националните разлики.

„Во модерниот свет сме одвоени земји, но имаме заеднички историски и културни нишки кои би можеле повторно да нè зближат“, дополни Србинот.

Неговите зборови предизвикаа поделени реакции во регионот – од пофалби за неговиот космополитски став, до критики во Србија поради поддршката за земја со која има комплексна историја.