Ѓоковиќ со порака до Надал: Ќе ми недостигаш!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Рафаел Надал со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6 во нивниот последен натпревар кој се одржа во Ријад.

Ѓоковиќ призна дека уживал во натпреварот против Шпанецот и притоа испрати порака до неговиот вечен ривал.

„Одигравме многу натпревари во изминатите 19 години, па така ова беше навистина емотивна средба. Секогаш е уникатно чувството кога играм против него. Сепак, за жал еден од нас мораше прв да се повлече. Ќе ми недостига. Имав одлични средби со него. Сите кои сакаат тенис, знаат за нашето ривалство и се радуваа на нашите натпревари на турнирите во изминатите години“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот имаше 60 официјални натпревари против Шпанецот во кариерата и оствари дури 31 победа.