Ѓоковиќ се подготвува за мечот со Надал во дрес на Јокиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се подготвува за полуфиналето на Ролан Гарос каде што ќе игра против Рафаел надал, а на тренинг Србинот се појави во дрес на Никола Јокиќ.

Јокиќ пред неколку дена ја доби наградата за МВП во НБА-лигата, па Ѓоковиќ реши да му честита преку социјалните мрежи.

„Те сакам брат! Поздрав за тебе од Париз. Ти посакувам среќа во плејофот. Најдобар си“, кажа Ѓоковиќ во видеото кое го објави на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)