Ѓоковиќ се јави по повлекувањето од мастерсот: Рим, ќе ми недостигаш!
Ѓоковиќ ја потврди информацијата преку социјалните мрежи со кратка порака и посочи дека се надева на настап на турнирот следната година.
„Рим, ќе ми недостигаш. Се надевам дека ќе се видиме следната година“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм.
Србинот, сепак, не откри поради која причина се повлече од турнирот кој го освојуваше шест пати во кариерата.
