Ѓоковиќ се искачи на второ место на АТП-листата, Надал му бега само 215 поени!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да го освои трофејот на Мастерсот во Шангај, па така од денеска се наоѓа на втората позиција на АТП-листата.

Ѓоковиќ сега има 215 поени помалку од првопласираниот Рафаел Надал, а Роџер Федерер падна на третото место и има 1485 поени помалку од српскиот тенисер.

Хуан Мартин Дел Потро е на четвртата позиција, а петти е Алексадер Зверев додека Марин Чилиќ се наоѓа на шестото место.

Во топ 10 се наоѓаат уште и Доминик Тим, Кевин Андерсон, Григор Димитров и Џон Иснер.