Ѓоковиќ повторно го шокира тенисот: Не можам да ветам дека повторно нема да направам инцидент

Светската спортска јавност остана шокирана кога Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен во осминафиналето по инцидентот со линиската судијка. 

Србинот во фрустрација по еден загубен поен го удри топчето, кое заврши во вратот на судијката. Светскиот рекет број 1 сега се фокусира на следните предизвици, а тоа се мастерсот во Рим што почнува недалава и Ролан Гарос од идната недела.

Очигледно дека на Ѓоковиќ му е криво за она што се случи во Њујорк, но даде уште една изјава поради која може да биде осуден од јавноста и стручната јавност.

„Секако дека беше шокантно да се заврши Ју-Ес опен на таков начин. Секако дека ваков инцидент можеше да ми се случи и порано во кариерата, можеше да им се случи на многу играчи“, изјави Ѓоковиќ. „Навистина беше несреќно што ја погодив судијката на незгодно место. Имаше многу шпекулации дали суспензијата беше заслужена или не. Ја прифатив и продолжив понатаму. Не можам да ветам или да гарантирам дека нема да наравам нешто слично во мојот живот. Ќе дадам сè од себе да не се повтори, очигледно, но во животот сè е возможно. Навистина се чувствував лошот што и предизвикав такво шок на судијката и целата драма. Во мечот се чувствував добро. Беше тотално неочекувано и ненамерно, но кога ќе го удрите така топчето, шансите да погодите некого на теренот се големи. Секако дека никогаш нема да го заборавам тој момент“, додаде Србинот.