Ѓоковиќ по победата во Атина плачеше како мало дете (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Алехандро Табило за пласман во четвртфинале на турнирот во Атина, а потоа беше забележана емотивна сцена на теренот.

Организаторите прикажаа видео посветено на неодамна починатиот Никола Пилиќ, кој беше еден од најзаслужните за развојот на Ѓоковиќ, по што српскиот тенисер се расплака на теренот.