Ѓоковиќ падна на шестото место, а до „Ролан Гарос“ ќе изгуби уште 150 бода

Добрите резултати на Џек Дрејпер придонесоа Новак Ѓоковиќ да падне една позиција на АТП листата и од понеделник ќе се најде на шестото место.

Како игра оваа сезона, ваквиот пласман е дури и добар, но тој се должи на фактот што лани играше само на Индијан Велс, а потоа немаше успеси бидејќи формата ја темпираше за Олимписките игри во Париз. Минатата недела беше елиминиран во Мадрид уште во второто коло и му овозможи на Британецот да го престигне.

Со цел што подобро да се подготви за „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Рим идната недела, а до почетокот на турнирот во Париз ќе загуби уште 150 бода. Тоа е важен момент бидејќи им остава можност на Де Минор, Музети и Руне да го престигнат на АТП листата до почетокот на вториот Гренд слем во сезоната.