Ѓоковиќ откри која му е главна цел до крајот на кариерaта

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за медиумите за неговата главна цел, која сака да ја оствари до крајот на кариерата.

Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата мина 286 недели, па така му се приближи на легендарниот Роџер Федерер, кој со 310 недели е на првото место.

„Моја најголема цел е да освојам најмногу гренслем-трофеи. Да го урнам рекордот на Федерер“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во моментов има 17 трофеи од гренслем-турнирите, односно два помалку од Рафаел Надал и три од рекордерот Федерер.