
Ѓоковиќ освои спектакуларен поен речиси буквално од – трибините (ВИДЕО)
Србинот во првиот сет, при водство од 3-2 и брејк-топка,истрча до оградата на стадионот „Филип Шатрије“ за да ја врати лоптата и да го освои поенот. Со неверојатна борбеност и упорност, тој го изненади Мишолиќ, кој не очекуваше ваков одговор од српскиот тенисер. Публиката во Париз беше воодушевена, а многумина нема да жалат што го следеа мечот на Ѓоковиќ, наместо финалето од Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Интер.
Популарниот Ноле ги доби првите два сета, а победникот од овој меч ќе се соочи со Британецот Камерон Нори во четвртото коло во понеделник.