
Ѓоковиќ непријатно изненаден во Шангај: Вакво нешто немаше порано
И не само што Новак се мачеше да го скрши отпорот на противникот, туку временските услови му ја отежнаа работата значително. И нему и на Чилиќ. По натпреварот, Ѓоковиќ откри дека не очекувал ваков проблем пред да дојде во Кина.
„Толку многу влажност на воздухот... Ова е ненормално. Не се сеќавам дека било вака порано во Кина. Дури и не се сеќавам кога последен пат играв во овие услови. Но, тоа е, исто е и за мојот противник, како и за сите други играчи. Мора да го прифатиме тоа и да се справиме. Се потиме многу. Сметките за перење алишта ќе бидат високи оваа ннедела, ама добро. Се надевам дека ќе можам да продолжам со добра игра“, рече Ѓоковиќ.
Во второто коло од турнирот, тој ќе се сретне со германскиот тенисер Јаник Ханфман кој е 150. на АТП листата, но на стартот направи изненадување, елиминирајќи го Тиафо.