
Во Србија како во Северна Кореја: Поразот на Звезда на РТС се претставува како победа (ФОТО)
Слично е и во Србија последните денови иако е јасно дека таму демократијата е на малку повисоко ниво, па барем љубителите на фудбалот можат од прва рака да видат какви се резултатите. Сепак, оние што не гледале, можат да добијат лажен впечаток ако ја гледаат државната телевизија РТС.
Миленичката на власта Црвена Звезда во четвртокот гостуваше кај Порто во второто коло од Лигата Европа и португалскиот тим славеше со 2-1, но на РТС не може да се види тоа. Во вечерните вести, таму беше прикажано дека всушност Звезда победила.
Можеби се работи за грешка, но ова предизвика гнасење во ионака зовриената атмосфера која безмалку една година владее во Србија.