Познат терминот на следниот меч на Ѓоковиќ во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф против Марин Чилиќ го почна мастерсот во Шангај, а следен ривал треба да му биде Јаник Ханфман.

Организаторите на турнирот го одредија терминот на дуелот межу Ѓоковиќ и Ханфман, па така натпреварот треба да почне в недела од 12.30 часот.

Овие тенисери досега се соочија само еднаш, и тоа во Женева, кога Ѓоковиќ славеше со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.