Луд меч во Рим: Лацио со гол во 102. минута се спаси од пораз против Торино!

Лацио успеа да се спаси од пораз против Торино (3-3) во шестото коло од италијанската Серија А, во натпреварот кој го одбележаа два пресврти.

Симеоне беше стрелец на првиот гол на натпреварот за предност на Торино, но Канчелиери до крајот на полувремето со два погодоци обезбеди целосен пресврт (2-1).

Гостинскиот тим преку Адамс во 73. минута успеа да израмни на 2-2, а во судиското надополнување Коко погоди за нов пресврт и водство од 3-2 на Торино. Сепак, Лацио го зададе последниот удар на мечот, и тоа Каталди од пенал кога погоди за 3-3 во 102. минута.

Во вториот меч кој се играше во истиот термин, Лече славеше со 1-0 против Парма.

Фото: Torino Football Club