
МЗТ бара помош од навивачите за заедничко враќање во АБА!
Прв противник е српскиот прволигаш Вршац, а раководството на клубот одлучи ширум да ги отвори вратите за сите кои ќе сакаат да присуствуваат на натпреварот. Влезот е бесплатен за сите навивачи, во надеж дека трибините ќе бидат исполнети, а екипата на МЗТ ќе ја добие неопходната поддршка и ветер в грб за посакуваната победа.
Натпреварот се игра на 7 октомври од 20 часот, а за МЗТ Скопје тоа ќе биде трет меч сезонава откако во неделата го совлада Кожув во Суперкупот на Македонија и вчера беше подобар од Маџари во првото коло од домашното првенство.