Сензационален кам-бек на повидок: Тен Хаг се враќа таму каде што се прослави!?

Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг би можел да се врати на клупата на Ајакс, тврдат медиумите во неговата татковина.

Клубот од Амстердам се мачи на почетокот од новата сезона и е на четири бода зад Феенорд во првенството, додека во Лигата на шампионите загуби од Интер (0-2) и Олимпик Марсеј (0-4), па затоа работата на Џони Хејтинга е доведена во прашање. Угледниот „Де Телеграф“ открива дека раководството на Ајакс веќе го контактирало Тен Хаг, со цел да ги испита неговите намери и да дознае дали би се вратил во овој клуб.

Тен Хаг беше тренер на Ајакс од 2018 до 2022 година кога освои три титули во домашното првенство, а се уште во сеќавањата е полуфиналето од Лигата на шампионите, кога во 2019 година, Тотенхем го украде големото финале со гол во последните моменти. Тен Хаг подоцна не се прослави ниту во Јунајтед, ниту во Баер Леверкузен, каде што беше отпуштен по само две одиграни кола.