
Maрсеј во едно полувреме постигна три гола и се израмни со ПСЖ (ВИДЕО)
Марсеј со оваа победа дојде до врвот на табелата, но со наатпревар повеќе од ПСЖ, двете екипи сега имаат по 15 бода, додека Мец е убедливо последен со два бода.
Гринвуд во 30-тата минута имаше голема прилика прв да го отвори резултатот, но неговата топка која ја испрати од работ на шеснаесетникот ја погоди стативата.
Резултатот беше отворен во 51. минута кога погоди Пајша, а потоа О’Рајли зголеми на 2-0 на 20-тина минути пред крајот. Конечниот резултат беше поставен во 77. минута кога Гуири стрелаше по еден одличен соло продор.