Металург го декласира Диферданж во првиот меч во Автокоманда

Ракометарките на Металург со убедливи 40-25 го декласираа Диферданж во првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Во натпреварот кој се играше во салата во Автокоманда, Металург уште по првите 15 минути поведе со 8-4, додека на паузата водството изнесуваше 17-11.

Двете екипи одиграа поефикасен натпревар во второто полувреме, а како минуваше времето така предноста на Металург растеше до конечни 40-25.

Реваншот меѓу двете екипи се игра утре од 15 часот во салата „Автокоманда“.

Фото: WHC Metalurg