Тел и Кудуз го расплакаа Лидс за нов триумф на Тотнем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем триумфираа против Лидс со 2-1 во седмото коло од англиската Премиер лига, со што се искачија до второто место во шампионатот.

Тел беше стрелец на првиот гол за Тотнем во 23. минута, но Окафор набрзо успеа да израмни на 1-1.

Тотнем се обидуваше да ја пробие одбраната на Лидс и конечно тоа им успеа во 57. минута кога Кудуз стрелаше за конечни 2-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Tottenham Hotspur