Бецеки најбрз на спринт-трката во Индонезија – негова втора сезонава!

Возачот на Априља, Марко Бецеки, триумфира на спринт-трката што се возеше во рамки на Големата награда на Индонезија во Мото ГП шампионатот.

Тој на патеката „Мандалика“ стигна до втората победа во сезоната, а на подиумот му се придружија Фермин Алдегер од Гресини и Раул Фернандез од Трекхаус како третотопласиран. Новиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ја заврши трката на седмата позиција. Поени освоија и Алекс Маркез, Жоан Мир, Лука Марини, Франко Морбидели и Фабио ди Џанантонио.

Главната трка од индонезиското Гран при ќе се вози утре во 9 часот по македонско време. Во генералниот пласман, Марк Маркез е лидер со 544 бода, пред Алекс Маркез со 346 и Франческо Бањаја со 274.

ФОТО: EPA PHOTO