Ибрахимовиќ за роденден се почести со „ѕвер“ од четири милиони евра (ФОТО)

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на 3 октомври наполни 44 години, а притоа реши да се почести со скап подарок.

Ибрахимовиќ реши да си го купи „Ферари Ф80“, а медиумите пишуваат дека за него одвоил неверојатни четири милиони евра.

Швеѓанецот од претходно има неколку скапи автомобили, како што се „Ферари Монца СП2“ и „Порше 911 Тарга“.