Ѓоковиќ ја откри целта на неговата организација: Рамноправност и повеќе пари за сите тенисер(к)и!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов е на одмор по Ју-Ес Опен, а вчера замина во Рим каде што ќе учествува на турнир во голф како почесен гостин.

Ѓоковиќ пронајде време да разговара за својата организација ПТПА која се бори за рамноправност на сите тенисери и тенисерки. Тој вели дека негова желба е повеќе спортисти да заработуваат доволно пари од спортот.

„Сите кои сме вклучени во тенисот треба колективно да се обидеме да направиме таква околина во иднина каде што тенисерите и тенисерките ќе можат да живеат убаво од овој спорт. Тоа е нашата мисија“, кажа Ѓоковиќ.