Ѓоковиќ го загуби финалето во Рим, но ја зголеми предноста пред Надал!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв тенисер на АТП-листата, а на најновата листа и покрај поразот од Рафал Надал во финалето на Мастерсот во Рим, тој ја зголеми предноста во однос на Шпанецот.

Ѓоковиќ минатиот викенд имаше 4.170 бодови повеќе, а денеска има дури 4.410 бодови повеќе од својот најблизок ривал.

Меѓу најдобрите десет се случија само две промени. Стефанос Циципас и Кеи Нишикори ги заменија местата, па Гркот е шести, а Јапонецот седми. Исто така, во топ-10 се врати Џон Иснер.