Ѓоковиќ го отпиша Федерер: Надал ми е најголем ривал во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е подготвен да тргне по 21. гренслем-титула во кариерата, а за тоа ќе му треба триумф на Ролан Гарос со што ќе се израмни со рекордерот Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во интервју за шпанска „Марка“ во пресрет на турнирот во Париз кажа дека има големи амбиции.

„Се гледам себе како еден од фаворитот, но не трошам време на тоа кој ќе биде победник или кој има шанси на турнирот. Секогаш мислам само на себе. Роџер Федерерр и Рафаел Надал секогаш беа тука, но за мене Надал е најголем ривал во кариерата. Созреав како тенисер бидејќи тој ми помогна“, кажа Ѓоковиќ.