
Ѓоковиќ го одржа ветувањето, „пумпаше“ и на својата 99. победа на Вимблдон! (ВИДЕО)
Српскиот тениски ас по мечот од првото коло предизвика големи реакција во јавноста, особено во регионот поради начинот на прослава. Тој славеше со гестикулација како пумпа, а тоа е симбол на протестите во Србија против Александар Вучиќ.
На, тој начин Ѓоковиќ им даде поддршка на студентите и вети дека ќе „пумпа“ по секоја победа на Вимблдон.
Така и прави, по денешниот триумф над Еванс, Ѓоковиќ повторно прослави на ист начин и ги израдува борците против власта во Србија.
Денешниот триумф на Ѓоковиќ беше 99. негова победа на Вимблдон, наредната треба да биде јубилејна. Во третото коло игра против својот сонародник, Кецмановиќ.