
Ѓоковиќ го надигра Ковачевиќ и го почна ловот на титулата на Ролан Гарос
Почетокот на натпреварот беше израмнет до шестиот гем, кога Ѓоковиќ направи брејк и поведе со 6-2, а потоа рутински го заврши сетот во своја корист (6-3).
Ковачевиќ не најде начин како да го надмудри Ѓоковиќ во вториот сет, па српскиот тенисер набрзо стигна и до 2-0 во сетови.
Во третиот сет се водеше голема битка, при што Ковачевиќ поведе со 6-5, но Ѓоковиќ набрзо се врати во игра и во тај-брејк го реши противникот.
Третиот тенисер на АТП-листата си обезбеди место во следното коло, каде што ќе се соочи против Мартон Фучович од Унгарија.