Ѓоковиќ го дозна првиот противник на турнирот во Шангај

Новак Ѓоковиќ во својот прв меч на турнирот во Шангај ќе се соочи со Американецот, Алекс Микелсен.

Микелсен кој е 43. тенисер на АТП листата беше подобар од домашниот тенисер Јунаокете Бу кој на претходниот турнир во Пекинг приреди сензација и стигна до полуфиналето, сепак тука настапот го заврши уште на стартот.

Американецот до победата стигна со 2-0 во сетови со по 6-3 и 6-4. Meчо против Ѓоковиќ во второто коло кој беше слободен во првото ќе му биде прв во кариерата против српскиот тенисер.

Ѓоковиќ на турнирот во Шангај се враќа по пауза од пет години, а турнирот го освојуваше четири пати (2012, 2013, 2015 и 2018).

Мечот помеѓу Микелсен и Ѓоковиќ е закажан за во сабота наутро од 04:00 часот по средноевропско време.